Најверојатно ЕСПН ќе продолжи со Ф1 преносите

Најверојатно ЕСПН ќе продолжи да ја пренесува Формула 1 во Соединетите Американски Држави откако медиумите шпекулираат дека добиле нов тригодишен договор за тоа.

Sports Business Journal пренесува дека договорот сеуште не е потпишан, но ривалските понуди од Амазон и Комкаст немало да бидат прифатени, а според истиот весник, ЕСПН понудиле силно зголмеување на годината сума која ја плаќаа до сега, така што за секоја од следните три години се споменуваат од 75 до 90 милиони долари по сезона. Во моментов телевизијата плаќа прескромни 5 милиони долари годишно.

Се верува дека најголем дел од трките ќе бидат пренесувани на ЕСПН или АБЦ каналите сопственост на истата телевијија, но не е исклучена можноста и некои трки да бидат ексклузивно гледани само на ЕСПН+, стриминг платформата на компанијата.

Sports Business Journal пренесе дека Формула 1 сеуште не биле подготвени за сите трки да бидат пренесувани исклучиво на стриминг платформата иако и Нетфликс биле силно заинтересирани за правата по успехот кој го имаа со Drive to Survive серијата. Сепак, Нетфликс биле многу поскржави во однос на понудата на ЕСПН.

Амазон понудиле 100 милиони долари годишно за правата кои сакале да ги обезбедат и потоа да тргнуваат со нив, додека Комкаст биле малку посркажви од ЕСПН. 

ЕСПН пренесуваат Формула 1 од 2018 година додека претходно НБЦ пренесуваше Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ