Највисока делегација од Хонда присуствуваше на Ред Бул Ринг

Пред една недела на Силверстон, Кристијан Хорнер изјави дека Ред Бул немале разговори со Хонда за враќање на јапонскиот производител во Гормула 1, но се чини дека тоа наскоро ќе се промени. 

Сеуште не е официјализирана соработката на Ред Бул и Порше и за тоа ќе се почека до есен поради официјалната потврда на новит еправила за моторите.

Во меѓувреме, Хонда ја зголемува својата инволвираност во Формула 1 и се чини дека повторно ќе сакаат да имаат и официјален статус. 

Деновиве покрај патеката можеше да се види Главниот извршен директор на Хонда, Тошихиро Мибе и Претседателот на компанијата Сеиши Кураиши заедно со претседателот на Хонда Рејсинг, Коџи Ватанабе. 

Гласините се дека тие не сакаат да се борат со Порше за нов договор туку да го вратат Хонда името во Формула 1 од 2023 до 2025 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ