Најтврдите гуми не биле опција за Луис

Главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Вауелс, изјави дека промена на хард гумите кај Луис Хамилтон во Монца не било опција.

Актуелниот првак промени на медиум гуми еден круг пред Шарл Леклер да влезе во бокс, но возачот на Ферари мина на хард компонентата. Многумина сметаа дека италијанците погрешиле и дека со помеката компонента Леклер ќе биде лесен плен за Мерцедес, но коцкањето им се исплатеше, а Шарл се одбрани од нападите на Луис и Валтери.

петочните сесии во монца беа прекинувани, имавме четири црвени знамиња и дожд низ целиот тек на сесиите. единствената долга серија која ја одработивме беше на т2, но на влажна патека што значи не беше репрезентативна согласно времето во недела на трка кога беше потопло.

никој не возеше на хард во петок, така што први информации за нивното однесување беа од себастијан фетел кој во 6от круг откако се изврте промени на хард за долга втора серија.

гумтие изгледаа робусно и бавно, но доколку сакате многу долга серија неопходно ви е тврда гума која нема да деградира, нешто што на ферари им беше неопходно.

како се ближевме кон кругот кога требаше д апромениме ни се укажа можност кога карлос саинз по промената остануваше зад нас, а бевме 1,5 секунди зад леклер и да се стават најтврдите гуми ќе беше очајно за трката на луис.

ако сакате некој да минете преку бокс, тогаш ви требаат најмеки можни гуми за да возите силни кругови, а тоа во тој момент беше медиум, наша најдобра шанса во моментот.

луис имаше извонреден прв круг при излез од боксот, направи се што можеше, ги користеше силните модови на моторот како што треба, но леклер успеа да влезе по гуми круг подоцна и дојде 6 десетинки пред нас. мала грешка на ферари во бокс ќе беше доволна да ги минеме – појасни вауелс.

Џејмс дополни дека не биле во можност да ги искористат можностите кои ги имале и да го донесат Хамилтон пред Леклер.

реалноста е дека се доближувавме, но не бевме доволно блиску за да можеме да минеме преку боксот. луис мислеше дека е во позиција кога неговит езагреани медиум гуми се многу посилни од поладните хард на леклер и таму ја гледаше својата можност.

имаше два болиди на рено пред нас и стана тешко кога тие го влечеа ферари, се тргаа пред леклер и беше интересно за гледање, но не успеавме да ја искористиме предноста која во тој момент ја имавме иако дадовме се од себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ