На Мик му е тешко што не се трка

Мик Шумахер призна дека гледањето на Бахреинското Гранд При од крај патеката не било воопшто лесно за него, но посочи и дека е решен повеќе од било кога да се врати на гридот.

Договорот на германецот со Хаас е беше продолжен откако мина две години со тимот и тој се вдоми во Мерцедес како резервен возач, но не пропушта да истакне дека негова цел е да се врати на тркањето во врвната моторспорт тркачка серија.

на некој начин, одлично е затоа што од болид кој беше тежок за тркање влегов во современ симуалтор кој e многу блиску до реалноста. чувството е одлично да се пробаат различни работи и реалноста не е многу далеку – посочи мик.

Шумахер откри дека му било многу тешко да го следи Бахреинскоо Гранд При крај патеката на трка на која неговиот тим стигна до 5то и 7мо место. Формула 2 првакот од 2020 година посочи дека таквото чувство покажало дека не е подготвен да ги напушти трките.

седев мирно на едно место крај патеката и мислев дека денот никогаш нема да заврши затоа што сакав да скокнам во болидот и да се тркам. тоа покажува дека јас навистина не сум воопшто подготвен да престанам со тркањето.

не знам што носи иднината, тешко е да се каже, а во мерцедес многу брзо се прилагодив и се чувствувам како дома така што очекувам да имам опции за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ