На Нико му било криво што Луис загубил титула

Нико Розберг посочи дека Мерцедес останале негово семејство и поради тоа му било криво што Луис Хамилтон пропуштил да освои уште една титула сезонава.

Британецот ја загуби титулата во последниот круг од последната трка откако беше претекнат од Макс Верстапен кој стана првак. По губењето на насловот, британецот како да “пропадна во земја“, го немаше на вечерта каде ФИА ги крунисуваше шампионите, а не е активен ниту на социјалните мрежи.

тешко ми е и жал ми е иако во моментов немам ништо со мерцедес, тие се мое семејство од претходно и болно е да се гледа дека загубија. беа 99% сигурни дека ќе освојат повторно двојна титула до круг пред крајот. откако загубија беше претешко затоа што водеа цела трка. штета што испадна така, а одлуките на контролата на трка беа по малку чудни – изјави нико.

Шампионот од 2016 година смета дека со мешањето во трката, ФИА оставила дамка врз одличната сезона. Федерацијата веќе најави дека ќе преиспита како бил користе спортскиот правилник на Јас МАрина, а Нико посочи дека некои правила треба да се корегираат за во иднина.

од првата трка оваа формула 1 сезона беше неверојатна и многу забавна да се гледа на телевизија, а борбата помеѓу хамилтон и верстапен беше феноменална. тие се најдобрите возачи неколку години по ред.

мислам дека верстапен ќе биде првак уште многу пати, а тоа што беа блиску и се тркаа на секоја патека беше феноменално.

штета е што формула 1 беше во тешка ситуација затоа што сите работеа на лимитот под голем притисок и поради тоа сметам дека формула 1 треба да се прилгоди. мора во текот на оваа зима да променат некои работи за да се осигураат дека во иднина нема да има грешки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ