На Расел му олеснало што го победил Хамилтон во Бразил

Џорџ Расел откри дека многу му олеснало што го победил колегата Луис Хамилтон на Бразилското Гранд При и на тој начин ја донел единствената победа за Мерцедес сезонава.

Најголем дел од годината “сребрените стрели“ се мачеа да пронајдат брзина и ритам и беа далеку од темпото на Ферари и на Ред бул. Сепак, Бразил беше местото кое одговараше многу на нивниот болид, така што добија можност да се борат а највисока пласман, а Расел беше возачот кој ја контролираше и рутински ја одработе трката.

Кон крајот на трката и повлекувањето на безбедносното возило, Расел знае дека Луис бил веднаш зад него и дека ќе сака да победи, но го задржа на безбедна дистанца и дојде до својата прва Гранд При победа во кариерата.

тоа што го имав луис зад себе на само 1,3 секунди ми стави огромен притисок до крајот на трката. мојот инженер ми ги кажуваше времињата и знаев дека едноставна мала грешка ќе му дадеше можност да нападне.

моментот кога ја поминав целнтата линија ми олесна, знаев дека донесов победа за тимот и за мене, одлично достигнвуање, одлично менаџирање со ситуациајта и издржав притисок на што сум многу горд – се присети расел.

Годинава беше дебитантска за Расел во Мерцедес откако три години претходно мина во Гроув кај Вилијамс тркајќи се на дното од поредокот. Иако “сребрените“ имаа тешка година, тој се надева дека наученото многу ќе им помогне.

првата година со мерцедес беше одлична на многу начини. работев со фантастична група на луѓе, неверојатно талентиран персонал кои силно ме притискаа да бидам колку што можам подобар.

со маките од почетокот на годината, моменти кога болидот беше бавен, но се поправивме кон крајот и станавме конкурентни, така што имавме интересен напредок кој се надевам дека ќе го искористиме и следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ