На Ред Бул очајно им треба Перез во борбата

Кристијан Хорнер изјави дека очајно му е потребен Серхио Перез напред во бробата за да не ја загуби стратешката предност од Мерцедес. 

Макс Верстапен беше водечки доста време на трката за Големата награда на Шпанија, но неговиот ривал Луис Хамилтон имаше доволно ритам за да промени два пати гуми и да го мине во трка. Преднсота на Хамилтон со свежи гуми и му ја донесе победата. 

Ред Бул немаат илузија дека треба да се борат со Мерцедес, но не може да си дозволат да не се во подобра позиција стратешки и потребен им е вториот возач Перез. 

Мислам дека брзо ќе биде во добра позиција. Немаше добри квалификации и трката му беше уништена зад Даниел Рикардо. Очигледно тој не успеа да се наметне на трка каде не може да се престаса, а ни требаше напред да биде во бробата со Мерцедес за да немаат стратешка предност. 

Верстапен претходно за холандските медиуми изјави дека е сам напред и тоа не е добро. 

Дадов се од себе на трката и внимавав на гумите, но некако сме побавни и повеќе ги трошиме гумите. Во одредени моменти нема како да се бранам затоа што Сам сум напред во борбата. Тоа не ми помага. Доколку е Перез напред нема да може да си дозволат второ застанување. 

Ситуацијата во Ред Бул овој викенд беше иста како во Унгарија во 2019 година кога Хамилтон имаше доволно простор зад него благодарение на Гасли кој не беше доволно брз. Хорнер на радио ја спореди ситуацијата со Верстапен на крајот на трката. 

Фактите се јасни и ни требаат двајца напред за да нема Луис шанса за втор бокс како во Унгарија. Тој само требаше да си го помине колегата што не му е проблем. Потребни ни се два болида за добра стратегија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ