На Рикардо му требала уште една минута за поправка на болидот

Даниел Рикардо откри дека тимот бил многу блиску да се врати во квалификациите по неговото излетување на крајот на К2 во Португалија.

Рикардо успеа да влезе во К3 и покрај тоа што имаше контакт со бариерите во свиокот 11, а успеа притоа да се врати до гаражата. Сепак, механичарите мораа да работат на задниот дел од болидот, но тој не успеа да продолжи во последниот сегмент и ќе стартува од 10то место на трката.

Болидот беше многу чувствителен. Морав да претекнам повеќе болиди, тие не пречеа, но вртеа и сопираа, зависно од ветарот. Губев контрола над задниот дел, но ќе ја погледнам снимката повторно дали нешто друго било причина.

Тимот беше многу блиску да ме врати назад во К3, ни фалеше уште една минута. Штета е, работеа толку напорно, малку е разочарувачки за нив и за мене, но ќе го извлечеме максимумот во трката.

Откако ќе го фатиме ритамот, можеме да напредуваме. Во еден круг имавме проблеми цел викенд. Мислам дека површината е лизгава, сите се фокусираат кон потисна сила. Иако се подобривме, мислам дека тоа сеуште ни е најслаба страна, останатите имаат подобра потисна сила и тука губиме.

Откако ќе поминат неколку кругови, би требало да сме ОК. Подготвен сум да нападнеме, да завршиме на подобро од 10то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ