Нетфликс го сака Верстапен во главна улога

Drive to Survive серијата на Нетфликс доста често го следи Ред Бул, нивниот развој и глад за титула, како и тимските колеги на Макс Верстапен, но американците сакаат тоа да се промени.

Продуцентот на серијата, Џејмс Геј Рис, откри каде ќе биде акцентот на 4та сезона од популарната серија која има огромен успех со секоја следна сеона. Претходните три сезони немаше многу простор за Макс Верстапен, вообичаено акцентот беше над неговите колеги Пјер Гасли и Алекс Албон.

она на што сите се надеваат е титанска борба помеѓу мерцедес и ред бул сезонава. ред бул мора да останат смирени и да ги користат сите свои шанси, во спротивно ќе имаат проблеми. серхио перез мора да се покаже одлично, имаше одлична прва трка, но макс верстапен за малку ќе имаше почеток од соништата.

со можна епска борба на мекларен, ферари, а можеби и астон мартин, претсои одлична сезона во формула 1 – вели гај рис.

Гледајќи во иднина, тој смета дека следната сезона ќе донесе уште повеќе интриги и комплексност со новите радикални правила кои ќе стапат на сила, а тоа ќе биде и нов предизвик за серијалот да покрие се.

ќе биде комплицирано и многу сложено со сите тие нови правила кои ќе стапат на сила. сценариото ќе биде различно со тие нови интересни болиди кои се надеваме дека ќе бидат феноменални.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ