Хонда: Не отпишуваме враќање во Ф1

Од Хонда изјавија дека не отпишуваат враќање во Формула 1 на крајот на 2026 година и внимателно ги разгледуваат плановите на спортот за карбон неутрална иднина. 

Јапонскиот производител се откажа од Формула 1 на крајот на минатата година откако компанијата реши да ги насочи средствата кон еколошка иднина на возилата. Но, реално не се откажаа целосно бидејќи ги подржуваат работите на Ред Бул кои ги превземаа правата на нивните мотори и му помогнаа на Верстапен да стигне до првата титула. 

По успехот од минатата година и планот на Формула 1 за карбон неутрална иднина, се чини дека Хонда може да се врати. Озборувањата се зголемија со присуството на највисока делегација на Хонда на трката во Австрија. 

Ватанабе кој е претседател на Хонда Рејсинг во Авсрија изјави. 

Формула 1 е врвна моторспорт категирија и сите во светот следат што се случува. Секако ние во моментов имаме завршено со Формула 1, но немаме одлука за 2026 година. Немаме план, но вратата не е затворена. Знам дека се разговара за карбон неутралност и тоа е дел од нашиот план. 

Ватанабе дополни дека имаат еколошка програма на која целосно работат.

Треба да следиме неколку фактори, Но кога одлучивме да заминеме од Формула 1, мораме да се концентрираме на нашиот план. Кога ќе завршиме со тоа, ќе размислуваме за Формула 1. 

Како можност сеуште постои посилно вклучување на јапонците во програмата на мотори на Ред Бул, а се чини дека во тек се преговори за посилно техничко партнерство и враќање на нивното лого на болидите на Ред Бул и Алфа Таури.

баерм до 2025 година хонда ќе биде како партнер на двете екипи и иако немаме сеуште одлучено за деталите, хрц ќе остане на болидите до крајот на 2025 година.

треба да одлучиме за следната сезона, но лично јас сакам повеќе да ја користиме хонда и хрц во оваа тркачка сесија – дополни ватанбе.

Ред Бул изградиај своја фабрика за мотори и беше најавено дека таму ќе се произведува моторот откако ја превземале интелектуалната сопственост од јапонскиот производител. Но, на крајот не излезе така затоа што од 2026 година, новите производители ќе добијат помош за да може да ги стигнт постоечките, а Ред Бул секако ќе сакаат како дебитант да влезат во спортот и да го искористат тоа.

Ред Бул имаат план како нов производител партнерски да влезат во Формула 1 од 2026 година заедно со Порше. Дека интелектуалната сопственост на Хонда не е продадена, потврди и Ватанбе.

тие може да ја користат нашата интелектуална сопственост, но не сме им ја продале, само им ја изнајмуваме за да ја користат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ