Нечистотии на патеката не биле причина за маките на Ландо

Парчето остаток од друг болид кое Ландо Норис го извади од десната страна на болидот по крајот на тркатане било причина за проблемите на младиот британец на трката на Пол Рикар.

Ландо се квалификуваше на 5то место со силно подобрен болид на Мекларен, но загуби позиција од Расел и Алонсо на стартот, иако ќари од сударот на Шарл Леклер, но беше претекната од другото Ферари. Камерите по крајот на трката открија како Норис отстранува парче од друг болид заглавено кај него, а од тимот потврдија дека истото се заглавило во болидот кон крајот на трката.

мислам дека извадивме максимум од оваа трка, но фрустриран сум затоа што во сабота се надевавме на повеќе. мислам дека на квалификациите имав одличен круг и ги разделив болидите на мерцедес кои на трка покажаа дека може и да изненадат и да победат – посочи ландо.

Тој призна дека во моментов болидот на тимот е посилен на квалификации одошто е на трка.

имаме разлики помеѓу ритамот на квалификации и ритамот на трка и од билот која причина сме посилни во еден летечки круг. новите гуми и возење со малку гориво ги кријат нашите проблеми, но што на наполнме резервоарот и имаме постари гуим, проблемите излегуваат на виделина и стануваме бавни.

балансот, кој ни дава добро време на квалификации се уништува, перформансите се губат. поради тоа повеќе се мачиме на трка на сите видови кривини. направивме подобрувања од петок за подобро да го разбереме новиот пакет, но едноставно немаме перформанси на трка.

Сепак, тој е свесен дека силни квалификации може да бидат клучни на следната патека на која ќе се вози Гранд При викенд, бавниот Хунгароринг крај Будимпешта. 

секако дека добар тркачки болид е клучен речиси на сите пактеки, но на некои би треба и силен болид на квалификации за да ви донесе добра позиција на трка. бев пред џорџ на стартот, а заврши пред мене на подиум.

секако дека секој преферира побрз болид за трка одошто за квалификации во текот на сезоната, но имаме уште работа за да ги прилагодиме новините кои ги донесовме за да видиме што можеме. новините гернрално се позитивни и ако не беа тие мислам дека ќе бевме уште побавни на трка и на квалификации.

алпин цела година се побрзи од нас, а ние правиме и многу грешки цела година, така што логично е да не минат во поредокот. но, блиску сме и тие се наша реална цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ