Никита Мазепин ќе го тужи Хаас

Русинот Никита Мазепин ги разгледува сите правни опции откако го загуби местото во тимот. 

Тој учествуваше на триденвниот тест во Барселона, но последниот ден од тестот, руската тробојка и натписот на главниот спонзор Уралкали беше тргнато од болчидот. Тој подоцна изјави дека потпишал документ со ФИА дека ќе вози под неутрално знаме, а пред медиумите изјави дека не му верува на тимот. 

Ги ценам односите. Формула 1 е посебен спорт поради растот на тимот, Но нема повеќе хемија меѓу нас и разочаран сум за тоа.

Кога си заминав од Барселона ми беше кажано дека мора да потпишам документ со ФИА за да не го загубам местото. Мислев дека имам добар однос со Гунтер и дека ќе ми каже доколку се случи нешто. Не сум слушнал ништо откако ме отпуштија – откри никита.

Уралкали најавија дека ќе го тужат тимот за раскинување на договорот бидејќи веќе го платиле спонзорство за 2022 година., а и возачот Мазепин најави слична тужба. 

Сите опции се отворени. Не сакам да се вратам каде што не ме сакаат. Формула 1 е опасен спорт. Не можам да му верувам на тој тим. Се работи за безбедноста, Но сепак се се промени и го загубив сонот на кој работев 18 години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ