Нико откри детали за распадот на односот со Луис

Нико Розберг откри дека распадот на неговиот однос со Луис Хамилтон се случувал со тек на време, а го разгорувале нивните меѓусебни дуели на патеката од почетокот на турбо хибридната ера.

Пријателскиот однос помеѓу двајцата возачи се уништи од почетокто на 2014 година кога Мерцедес стана доминантна сила во спортот, а двајцата возачи се бореа исклучиво еден против друг за победа на трка три години по ред. Контактите и сударите беа чести во тоа време, вклучително и меѓусебната елиминиација во првиот круг на Шпанското Гранд При, а повеќе од видливо беше дека тандемот воопшто не епријателски настроен еден кон друг.

Нико и Луис се бореа до последната трка во Абу Даби во 2016 година на која Розберг стана првак и се откажа од Формула 1.

односот се уништи веднш штом почнавме да се бориме за титула, не претходно. така е секогаш кога се борите за успех на секоја трка, за победа и титула, повеќе не може да се биде пријател.

односот буквлно ескалираше и се вжештуваше со секоја следна трка. ако сакате да освоите титула не може да бидете мирни и да барате чисто тркање, без оглед на тоа што сте од иста екипа. мора да ги тестирате границите, да ги искористите сивите зони за да победите, особено со двајца возачи на толку високо ниво. сепак, тоа често станува проблематично и носи недоразбирања – се присетува розберг.

Во однос на нивниот моментален однос, Нико не жали за ништо што се случило во минатото и посочи дека двајцата се повторно конкурнти, но во друга серија и како тимски шефови.

не жалам за ништо затоа што тоа беше сензационално време и донесовме фантастична борба. јас сум многу горд на тоа. во меѓувреме се се врати во нормала, а интересно е што сега се бориме во екстрим е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ