Ник Честер во Формула Е кај Мерцедес

Поранешниот технички директор на фабричкиот Формула 1 тим на Рено, британецот Ник Честер, стана дел од Формула Е програмата на Мерцедес.

51-годишниот инженер мина речиси 30 години во врвната моторспорт тркачка серија, а дури 19 години беше во Енстон во Рено, Лотус и Бенетон. Беше дел и од Симтек, Лижие и Ероус од каде и дојде во Енстон во 2000 година.

Тој во 2013 година го замени Џејмс Алисон како технички шеф на тоашниот Лотус, а од Рено замина во Декември како дел од реструктуирањето на техничкиот оддел на тимот и тогаш најави дека очекува нов предизвик.

Честер беше поврзуван со функција во Вилијамс, но се враќа во моторспортот преку Формула Е екипата на Мерцедес во електричната тркачка серија како технички директор на Мерцедес Бенз Формула Е тимот, а почна со работа во нивната програма од почетокот на овој месец.

Формула Е тимот на Мерцедес минатиот период се засили и со поранешниот тркачки инженер на Валтери Ботас, инженерот Тони Рос. “Сребрените стрели“ официјално влегоа во електричната тркачка серија на почетокот од 2019-2020 сезона откако ги открија своите планови уште во 2017 година, а во моментов се 5ти во тамошното првенство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ