Нирбургринг недостапен за Ф1 трка годинава

Славниот автодром Нирбургринг веројатно нема се користи како потенцијална трка за замена во 2021 година.

Неколку од моментално закажаните настани од календарот со 23 трки за оваа сезона се под сомнеж, предизвикувајќи гласини дека би можеле да се вратат поранешните места во Германија, како Хокенхајм или Нирбургринг.

Германија е важен пазар за нас. Можам да откријам дека неодамна имав разговори со одговорните во Нирбургринг и Хокенхајм со цел да ги оценам можностите за враќање.

Се надевам дека ќе можеме да најдеме решение во следните неколку месеци – најави доменикали.

Тој признава дека ситуацијата околу тековната криза на Ковид-19 останува грижа.

Пандемијата е предизвик за сите. Но, Формула 1 минатата година успеа да биде домаќин на светски шампионат под навистина невозможни услови.

Така ги поставивме темелите за оваа година, иако нема да биде лесно. сите организатори ни сигнализираа дека сакаат да бидат домаќини на нивната трка.

особено во кризи, луѓето копнеат по спортот како одвлекување на вниманието.

Сепак, се чини дека Нирбургринг засега не се зема во предвид.

И покрај короната, нашата тркачка патека е целосно резервирана до средината на Ноември, седум дена во неделата, од Понеделник до Недела – изјави шефот на Нирбургринг, Мирко Маркфорт.

Како и да е, Доменикали сè уште продолжува со своите планови за во иднина.

Сакам една третина од трките во Европа, две трки во Америка и разговараме со африканските земји – откри тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ