Нисани останува тест возач на Вилијамс

Израелецот Рој Нисани останува официјален тест возач на Вилијамс и во наредната сезона. 

Тој се приклучи на тимот од Гроув минатата година и беше првиот возач кој ја имаше подршката на новите сопственици. Нисани возеше три тренинг сесии во 2020 година и тоа во Шпанија, Италија и Бахреин, а учествуваше и на постсезонскиот тест за млади возачи во Абу Даби. 

Него му се ветени уште неколку тренинг сесии во новата сезона и ќе учествува на предсезонскиот тест со новиот болид во Бахреин што значи дека Џорџ Расел и Николас Латифи ќе имаат скратен тест пред првата трка, веројатно ќе добијат по еден цел ден.

Тимот планира 100 километри во вид на ден за снимање што ќе им помогне на нивните возачи. Вилијамс му дозволи на Нисани да вози во симулатор и ќе продолжи да го прави тоа и во новата сезона. Минатата година тој возеше во Формула 2 со Тридент Рејсинг и два пати освои поени на Спа и во Австрија.

Шефот на тимот Сајмон Робертс изјави: 

Како тим сме среќни со неговиот придонес и неговата работа на патеката и во симулаторот. Уживаме да гледаме како тој расте во одличен возач и не се сомневаме дека тој сеуште ќе продолжи со работата. Навистина сум среќен што ќе продолжи со Вилијамс.

Нисани е задоволен со постигнатото со Вилијамс.

Навистина сум среќен што сум дел од Вилијамс. Откако започнавме направив голем напредок во многу области и Имав многу продуктивна работа.

Со посветеноста кон тимот се подобрив како возач. Сакам да продолжам да се подобрувам и во наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ