Нисани повторно ќе тестира за Вилијамс на Монца

Вилијамс потврдија дека нивниот развоен возач, Рој Нисани, ќе има повторно тест во петочните тренинг сесии викендов на патеката Монца.

Италијанското Гранд При ќе биде домаќин на осмата трка во Формула 1 годинава, прва од три во Јужна Европа. Нисани имаше деби во Барселона пред три недели, на местото на Џорџ Расел. Израелецот повторно ќе го земе местото на британецот.

По одлична сесија во Барселона, навистина одвај чекам да возам на Монца. Ова е една од моите омилени патеки, таму имав и прва победа со отворен едносед.

Сигурен сум дека ќе има емоции, но ќе бидам како робот и ќе се фокусирам на работата со тимот. Имам повеќе искуство, поголема самодоверба и се чувствувам подготвено – најави израелецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ