Нисани сака да работи во Вилијамс догодина

По одработените денови на тестот за Пирели, Рој Нисани откри дека би сакал да биде повеќе вклучен во Вилијамс следната тркачка сезона, паралелно со неговиот настап во Формула 2.

25-годишниот израелец се пласираше на 22ро место лани во јуинорската Формула 2 тркачка серија, а сезонава не возеше никаде поради повреда. Сепак, доби можност да се покаже на тестот во Абу Даби во болидот на Вилијамс со своето прво појавување во Формула 1 болид откако пред неколку години Заубер организираше приватен и затворен тест за него.

Нисани комплетираше 78 кругови во текот на двата денови и е оптимист во врска со поголема вклученост во Вилијамс следната година.

можноста ми се укажа оваа година откако имав повреда поради која ја пропуштив цела 2019 година и поради тоа не се тркав во формула 2. мојот менаџмент ми даде вистинска поддршка и ми направи спој со вилијамс што ми ја донесе оваа голема можност и одлично искуство кое се надевам дека ќе ми ја отвори вратата за формула 1.

дефинитивно се надевам на поголема улога во вилијамс следната година, тоа е моја цел, а менаџментот работи напорно да ми го обезбеди тоа. претпоставувам дека доколку моите перформанси беа во ред екипата ќе ми даде шанса – се надева нисани.

Израелецот појасни дека негова цел е да с еврати во Формула 2 следната година и да биде вклучен во тестот по крајот на сезоната во јуниорската серија.

ми требаа 3-4 кругови за да се привикнам на болидот, да стекнам самодоверба и да почнам да притискам. почнам доцна да кочам, да минувам под полна гас низ кривините што многу ме изненади. бев среќен и задоволен, брз сум, но можам и повеќе.

Најдобриот круг на Нисани беше 3,7 секунди побавен од тоа што возеше Николас Латифи, возачот за 2002 година на Вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ