Нисани ќе го проба ВФ43Б на тестот

Тест возачот на Вилијамс, израелецот Рој Нисани, ќе го проба новиот болид на тимот за време на трите денови предсезонски тест во Бахреин. 

Вилијамс објавија дека сите нивни возачи ќе добијат по еден ден возење на тридневниот тест во пресрет на почетокот на сезоната кој ќе биде на истата патека на која ќе се тестира. 

Оваа сезона времето за тест е намалено на само три дена од ланските шест и тимот одлучи да го подели рамномерно помеѓу возачите. 

Израелскиот возач беше задржан како тест возач во Вилијамс, а веќе доби три тренинг сесии минатата сезона. Покрај ова тој возеше во Формула 2 за Тридент, а претстојната сезона ќе вози за ДАМС во истата јуниорска тркачка серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ