Ни треба најдобриот мотор, смета Сеидл

Андреас Сеидл, шефот на тркачката екипа на Мекларен, смета дека е многу важно за тимот да го има најдобриот мотор на располагање за 2021 година.

Зек Браун, Главниот извршен директор на компанијата, неодамна откри дека токму германецот Сеидл бил оној кој најмногу притискал да се потпише договор со Мерцедес за користење нивни мотори од следната година.

нашето партнерство со мерцедес не е никаква одлука против рено. ние драстично се подобривме и дел од тој напредок е токму поради рено.

сепак, во хибридната ера мерцедес е репер за перформанси, издржливост, квалитет на мотор и тркачка екипа.

да се има најдобриот мотор во новата ера со новите правила од 2021 година е знак на безбедност и стабилност за нас и можеме целосно да се посветиме на останатитот дел од пакетот – најави сеидл.

Екипата од Вокинг имаше најголем напредок сезонава откако заврши на 4то место како најдобра од останатите зад водечката тројка. Шпански Extraconfidencial деновиве напиша дека овогодинешниот болид на Мекларен е половина секунда побрз од ланскиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ