Ботас ќе дебитира на Трката на шампионите

Возачот на Алфа Ромео, финецот Валтери Ботас, ќе дебитира на Трката на шампионите оваа сезона откако доцна лани се откажа од настанот.

Возачот кој има 10 Гранд При победи зад себе, го пропушти ланскиот настан поради други претходно договорени обврски, така што немаше можност да ја претставува својата земја заедно со поранешниот Формула 1 првак, Мика Хакинен. Годинава Валтери ќе биде дел од спектаклот крај веќе потврдените Себастијан Фетел, Јохан Кристоферсон, Џејми Џадвик, Петер и Оливер Солберг.

нетрпелив сум да дебитирам на трката на шампионите конечно. го гледам многу години на телевизија настанот, многу блиску бев до учество лани, но морав во последен момент да се повлечам. беше тешко да ги гледам сите како се забавуваат во шведскиот снег, така што среќен сум што годинава ќе тркам во јануари.

исто така воодушевен сум што ќе бидам партнер со мика хакинен за тимот на финска, со него се спријателив низ годините и ќе биде чест да се тркам крај него. неколку пати заедно учествувавме на арктичкото рели и се надевам дека тоа ќе ни помогне да ги победиме нашите нордиски оседи и сите останати. но, за поединечниот настан ќе мораме да се победиме еден со друг, а како ќе биде  тоа не знам, но сигурен сум дека ќе приредиме одлично шоу за фановите – објасни ботас.

Трката на шампионите е пресенеа во Шведска за ланското издание, а по ПАрис, Лондон и Мексико Сити и годинава ќе се вози во Скандинавија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ