Норис е задоволен од поддршката на Мекларен

Ландо Норис не ја заврши трката за Големата награда на Бразил, откако уште од почетокот на тркачкиот викенд, не се чувствуваше најдобро. 

Британецот по трката го пофали тимот за неговата подршка која му била дадена додека се мачел со томачен вирус пред трката и опоравувањето кое следувало. Норис се квалификауваше на четврта позиција, но не ја заврши трката поради проблем со болидот. 

Британецот доби 5 секунди казна за инцидентот со Леклер во петтиот круг и два казнени поени на неговата лиценца. 

Имав добар старт, но трката беше разочарувачка. Мислам дека тоа со Леклер беше тркачки инцидент. Секако не сакав контакт и си ја држев линијата. Можеби неколку сантиметри понастрана и ќе беше подобро – посочи ландо.

Норис сака тимот да провери зошто се појавил дефектот кој не му дозволи да ја завршил трката. 

Во остатокот од трката немавме брзина. Верувам дека и покрај штетата, бевме спори, Но треба да провериме зошто се појави проблемот. 

Не ми беше добро ВО БРАЗИЛ, но имав целосна подршка од тимот, се надевам на добра трка во Абу Даби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ