Норис и Саинз едвај чекаат на нормален календар

Возачите на Мекларен, Карлос Саинз и Ландо Норис, едвај чекаат да се вратат на нормален календар во следните неколку недели, по хаотичен период од 9 трки во 11 недели.

Формула 1 само во еден наврат одржа три последователни трки пред 2020 година, но поради околностите оваа година, календарот претрпе големи промени. Одложувањето на 2020 година започна со 3 настани со последователни трки во Австрија/Унгарија, Британија/Шпанија и Белгија/Италија. Последниот дел од календарот треба да изгледа по нормално во кој ќе има само еден наврат од три последователни трки.

9 трки во 11 недели беше многу тешко за целиот тим, така што е добро да се вратиме во нормални услови, вистински да ги анализираме последните трки и да ги наполниме батериите – вели Саинз.

Неговиот тимски колега, Ландо Норис, се согласува со шпанецот:

Сега возиме во Русија, прва трка со авион годинава. Распоредот изгледа по нормално за следните неколку трки по толку три последователни. Период за одмор по 9 трки во 11 недели беше многу потребен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ