Норис: Мекларен се соочува со тешка борба со Алпин

Соочен со предизивкот на се подобриот Алпин, Ландо Норис смета дека Мекларен го чека тешка борба и мора да победат во истата. 

Двата тима имаат ист број на поени пред трката во Франција, а Мекларен до сега само еднаш беа на подиум и тоа со третото место на Норис во Имола. Францускиот тим ја намали разликата со Мекларен на последните три трки и Норис објасни што му е потребно на тимот да се справи со напредокот на Алпин. 

Мислам дека ќе биде многу тешко затоа што Алпин цела сезона е доста брз. Фернандо се бори и за пол позиции. Тие се брзи и сега имаат неколку добри трки со брз болид.

Ќе биде тешко да ги задржиме зад себе и да се бориме, но имаме мотивација и знаеме што треба да направиме. Мислам дека и со послаб болид сепак може да освоиме повеќе поени и да бидеме подобри на нивната домашна трка – посочи младиот британец.

Норис е на седмо место кај возачите со 64 поени и е единствениот возач кој не е во Ферари, Ред Бул или Мерцедес што се искачил на подиум оваа сезона. Тој ги освои речиси сите поени во тимот и е далеку подобар од својот колега, Даниел Рикардо, кој освои само 17 поени. 

Алпин е во подобра форма до Мекларен споредено со минатата година кога Мекларен ја заврши сезоната со 275 поени додека Алпин имаа 155 поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ