Норис неимпресиониран од Хамилтон: Тој треба да победи само еден или двајца

Ландо Норис не е импресиониран од победите на Луис Хамилтон затоа што смета дека тој има задача да победи само еден или двајца други возачи.

Актуелниот првак стигна до рекордната 92ра победа и е на чело на листата на возачи со најмногу победи со еден триумф повеќе од Михаел Шумахер, а со оглед на неговата форма и пакетот кој што го има на располагање, којзнае уште колку долго ќе победува.

Норис не гледа толку воодушевувачки на резултатите на неговиот сонародник туку потенцира колку се далеку останатите од Луис кој е неприкосновен.

среќен сум за него и ништо повеќе. на мене тоа навистина ништо не ми значи затоа што има болид со кој треб да победува на секоја трка победувајќи само еден или двајца други возачи. сепак, тој испорачува секоја трка и го прави тоа што се бара од него – вели ландо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ