Норис призна: Долгорочниот договор со Мекларен ми овозможи да сум подобар

Ландо Норис верува дека неговиот долгорочен договор кој го потпиша со Мекларен му дозволило да има подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот, повеќе да одмора и тоа му носи подобри резултати.

Младиот британец дебитираше со “портокаловите“ во 2019 година, носи одлични резултати и импресвни перформанси минатите четири години, така што на крајот од минатата година доби долгорочен договор согласно кој ќе остане дел од екипата од Вокинг до крајот на 2025 година.

Тој посочи дека долгорочниот договор дефинитивно многу го намалува притисокот над него, нема потреба да мисли на иднината и да биде препазлив во тоа што го прави, а во исто време е и нетрпелив во однос на новините кои се случуваат во Вокинг.

секако дека во моменотв се не е идеално новиот воздушен тунел почнува да се гради, но и некои други проекти на тимот заживуваат. се надеваме дека сето тоа ќе не направи побрзи и подобри во 2024 и 2025 година на кои сум нетрпелив.

можеби нема веднаш да победуваме, но јас сум убеден дека насоката по која се движиме е таа. има многу убави работи кои се случуваат во тимот во моментов, гледам дека во некои сегменти вршиме подобра работа од најдобрите екипи, иако болидот не го покажува тоа во моментов.

среќен сум и со одлуката што потпишав договор толку долго да останам во тимот, уживам овдека и тоа е за мене најважно. секоја година сум возбуден за иднината што мекарен ми ја носи и сум огромен оптимист – изјави норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ