Норис сака да проба рели во иднина

Возачот на Мекларен, ЛАндо Норис, откри дека би сакал да се проба во рели во иднина откако неодамна од блиску проследи рели трка како дел од промоцијата на неговиот бренд, Quadrant.

Младиот британец дебитираше во Формула 1 со Мекларен во 2019 година и одлично напредува од тогаш. Една година претходно возеше на 24 часа Дајтона со Фернандо Алонсо за Јунајтед Аутоспортс на Зек Браун. Сега сака да се проба и во други дисциплини, како на пример рели, нешто што посочи при промотивен настан на неговата линија облека Quadrant.

сакам во некој момент во иднина да пробам рели. нашата нова колекција со Quadrant има некаков офроуд шмек, така што неодамна снимавме на одлично локации, меѓу кои и патека каде се вози рели. тогаш за прв пат сфатив дека сакам да пробам во иднина, луѓето беа многу љубезни и пријатни.

можеби ќе почнам на некое место каде нема дрва, ќе пробам онаму каде е безбедно со бариери од гуми. контролата на автомобилот е лудило, користење на рачна сопирачка на моменти и слични работи, секогаш е добро да се проба нешто ново поради возбуда. има повеќе во автомобилизмот од формула 1.

слично на каргинт, нешто што практикуваат многу формула 1 возачи затоа што добиваат некакво чувство за тркање кое им е потребно.

Норис нема да биде првиот возач кој се пробува во рели затоа што Валтери Ботас неколку пати се појавува на Артичкото рели, додека Кими Раиконен возеше во рели додека паузираше од Формула 1 во 2010 и 2011 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ