Норис свесен дека не мора да е пријател со Рикардо

Џони Херберт верува дека Ландо Норис е во право доколку нема близок пријателски однос со својот колега, Даниел Рикардо. 

Тој беше многу близок со својот прв колега, Карлос Саинз, кој замина во Ферари и сега се бори против него за третата позиција кај конструкторите. Иако Норис и Рикардо се познати како најголемите шегаџии на Формула 1 гридот и често се насмеани, сепак се чини дека има мала тензија. 

Ландо Норис е мојот избор за возач на првиот дел од сезоната. Тој одлично напредуваше, нешто што не го видовме кога беше колега со Карлос Саинз.

Сега тој е со Даниел Рикардо и менталната промена е бидејќи не се пријатели. Ландо не сака да е пријател и тоа е вистинскиот став. ТОј е пријателски расположен и разговорлив, Но тоа беше претходно – смета херберт.

Норис го импресионирал Херберт со трите подиума кои се заслужени. 

Тој често испорачува. Вози против Даниел и подобар е од него што е огромна промена. Беше пофален од Хамилтон во Австрија и тоа е голема работа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ