Норис се уште ги запознава новите надградби на Мекларен

Ландо Норис призна дека тој и неговиот тимски колега, Даниел Рикардо, работеле напорно за да го интегрираат најновиот пакет за надградба на Мекларен МЦЛ36 кој се користи за Големата Награда на Франција овој викенд на патеката Пол Рикар.

Тимот пробуваше ново задно крило, нова покривка на моторот и странични отвори за време на слободните тренинзи во петокот. Иако и двајцата возачи го завршија денот во првите десет, Норис беше шести најбрз, а Рикардо деветти во Т2, тие признаа дека имаат измешани чувства за досегашните подобрувања.

Тоа не е толку добро колку што би сакал. Мислам дека не очекувавме многу од тоа. Очекувавме мал чекор и се уште е рано да се каже.

Само што го возев болидот и работите се чувствуваат поинаку. Некои работи се малку подобри, а некои работи треба да ги оптимизираме и да ги откриеме.

Даниел го тестираше во Т1, така што тој разбра малку повеќе. За мене сè уште треба да сфатам како да го возам болидот бидејќи е малку поинаков во секој поглед. Толку е чувствителен и мора да се навикнете многу.

Штом нешто се чувствува малку несигурно, треба да сфатите зошто тоа се случува, од кои причини и како да го надминете и повторно за да го максимизирате.

Не е ништо добро или лошо, само ограничувањето на болидот е на различни места низ свиокот и затоа треба да се прилагодите на тоа.

Претпоставувам дека само се обидувам да го разберам тоа во споредба со Даниел, Но во исто време беше добро.

Можевме лесно да ги споредиме податоците денес затоа што избравме стратегијата прво тој да го искуси, а потоа јас и затоа можеме да ги погледнеме податоците вечерва и да извлечеме повеќе перформанси за утре.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ