Норис: Ситуацијата е далеку од криза

Ландо Норис ги отфрли гласините дека Мекларен е во криза по разочарувачката трка во Бахреин. 

Мекларен немаат брзина од стартот на сезоната бидејќи ги промашиле развојните цели. Дебитантот Оскар Пиастри не ја заврши трката во Бахреин, додека Норис имаше проблем со притисокот и мораше често да влегува во боксот. 

Проблемот на Оскар е проблем што прв пат се случува во многу години. Сега е решен и мислам дек Мерцедес не беа свесни дека нешто такво постои. Тоа е многу редок проблем, но сега е решен – откри тимскиот шеф, андреа стела.

Тимот работи на надградби за трката во Баку. 

Не знам, но мислам дека не е толку лошо. Далеку е од криза. Сигурен сум дека можеме до поени и да се бориме со Ботас и Алфа ромео. 

Норис верува во Мекларен и тоа дека може да се бори во топ 4 вклучувајќи го и Астон Мартин кој има изненадувачки брз болид. 

Сакаме помеѓу првите четири тимови. Сигурен сум дека ќе се бориме. Не знам колку далеку, но мислам дека сакаме да бидеме таму. Имаме очекувања како тим и имаме јасен план. Сите работат напорно да го постигнат тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ