Норис тврди дека Пиастри го притиска повеќе од Рикардо

Младиот британец од Мекларен, Ландо Норис, тврди дека Оскар Пиастри го форсира повеќе од претходниот свој колега, Даниел Рикардо со кој работеше две години. 

Рикардо спогодбено јапрекина соработката со Мекларен пред истекот на договорот на крајот на минатата сезона по две години во кои имаше доста послаби перформанси од Норис. И покрај тоа што ја освои единствената победа за Мекларен од 2012 година навака, Рикардо освои само 152 поени споредено со 282 за Норис во истиот период. 

Австралијанецот не успеа да се адаптира на промената во Мекларен и покрај промената на правилата и двете страни одлучија спогодбено да ја прекинат сорабтката.

Годинава, и покрај тоа што Мекларен имаат проблем со болидот, Пиастри беше подобар од Норис во Саудиска Арабија и го имаше својот прв влез во К3. 

Тој е одличен млад возач и Мислам дека врши одлична работа. Добро се справува со притисокот и мислам дека ќе биде уште посилен. Тој е смирен, контролиран и брз и мислам дека ме притиска повеќе од тоа од претходните години. Дојде од 16та на 8ма позиција и тоа беше добар ден за него – полн е со пофалби ландо за својот нов колега.

Британскиот тим назадуваше во текот на зимата и иако минатата сеона имаше топ 4 болид, сепак оваа година доста заостанува додека нивниот лански конкурент, Астон Мартин, изненадува и веќе е на втората позциија. Рикардо за прв пат се појави на Ф1 викенд во Австралија како резервен возач на Ред Бул. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ