Норис шокиран што ги разделил Хамилтон и Расел

Ландо Норис призна дека било големо изненадување што ги разделува двајцата возачи на Мерцедес притоа квалификувајќи се на петтото место за Големата Награда на Франција.

Возачот на Мекларен беше само деветти во Т3, зад Вилијамс на Алекс Албон и затоа не влезе во квалификациите очекувајќи дека ќе се бори блиску до побрзиот топ 5. Сепак, со голема постојаност, тој беше петти во сите три сегменти од квалификациите, завршувајќи меѓу Луис Хамилтон и Џорџ Расел во последниот обид.

Мноу сум изненаден. по темпото во К1 и К2, претпоставувам дека не сум толку изненаден. Ако ме прашавте пред квалификациите дали мислев дека ќе се борам со нив, одговорот ќе беше не.

Ова се должи на две работи, болидот има многу добри перформанси и очигледно добро работи. Но исто така, тоа беше добар круг и би рекол дека веројатно имаше една грешка, малку пролизгување на тркалата во свиокот 9.

Но, освен тоа, тоа беше многу силен круг од мене. Па мислам дека тоа беше она што не стави пред еден од Мерцедесите – изјави британецот.

Норис посочи дека иако го победил Расел, кој направи грешка во последниот круг, сепак загубил од Хамилтон.

Претпоставувам дека бев три десетинки зад другиот Мерцедес, немав шанси да возам три десетинки побрзо, ако тоа има смисла. Значи, тоа покажува дека тие се уште напред.

Но, да ја намалиме разликата колку што направивме, имајќи предвид каде бевме последните неколку викенди, а каде беа и тие, знам дека се малку подалеку од темпото, тоа дефинитивно беше изненадување, но добро, ова е сепак голема награда за нас.

Значи, дали ќе можеме или не да ги следиме во трката е друго прашање, но во квалификациите беше убаво да се биде барем пред еден од нив.

Норис навести дека кога тимот разговарал за своите планови за квалификациите, тој не очекувал да штеди гуми за К3.

Пред квалификациите дебатиравме дали воопшто треба да мислиме на К3 – се пошегува тој.

Разговаравме за нашите планови за возење, како да ги користиме нашите гуми и каква стратегија да избереме. Не дека никогаш не би сакале да стигнеме до К3, туку само како да ги избереме гумите за Т3 во вистинско време и такви работи.

Норис, исто така, истакна дека најновите ажурирања на Мекларен се покажале добро во Франција, изјавувајќи:

Мислам дека почувствував дека болидот може да го постигне тоа овој викенд. Откако ги донесовме новите делови и ги ставивме во Т2 сфатив дека некои работи се подобрија, а потоа од Т3 до квалификации имаше добар потенцијал и дефинитивно можност да се биде блиску до Алпин.

Но, да се биде малку пред нив и да се тркам со Мерцедес беше дефинитивно многу повеќе отколку што очекував. Мислам дека тоа не беше нешто како преголема изведба, но ние само завршивме добра работа и тие веројатно потфрлија.

Би сакал да кажам дека можеме да се бориме со нив и ќе дадам се од себе за да го направам тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ