Норис ќе продолжи со моторот од Спа

Мекларен открија дека биле направни темелни проверки на моторот во болидот со кој Ландо Норис имаше силен судар во последниот квалификациски сегмент и истиот бил одличен и без никакви проблеми.

Младиот британец го користи својот трет и последен мотор сезонава од миантито тркачки викенд во Белгија, но заврши во ограда на крајот од О’Руж во Сабота. Тоа ги примора Мекларен да вградат нов менувач во неговиот болид по што тој доби казна на стартот од трката, а продолжи со стариот мотор како мерка на претпазливост.

Иако мотор не му ни беше потребен затоа што во Белгија немаше трка, тимот го испратил агрегатот во седиштет во Бриксворт, по што инженерите на Мерцедес не виделе никакви проблеми со истиот.

сите проверки беа направени и се изгледа одлично, но на крајот мора да добиете зелено светло по инспекција од производителот на моторот откако се ќе биде проверено за да нема никакви проблеми во текот на трка – вели сеидл.

Можеби фактот што на Зандворт е многу тесно и нема многу барања од моторот ќе биде пресуден Мекалрен да одлучат да возат со стариот мотор, а новиот д го сочуваат за Италијанското Гранд При на Монца.

сеуште не знаеме дали ќе го користиме викендов, но секако од следната трка ќе го возиме.

Сударот на Норис изгледаше атрактивно на телевизија, но Андреас откри дека аголот под кој се случил сударот се покажал клучен во сочувување на шасијата и моторот.

имавме среќа со аголот под кој се случи сударот, ударот не беше многу лош. поради тоа ја заштедивме шасијата и моторот и немаше толкава штета како што изгледаше од надвор. токму поради тоа и ландо нмаше никакви проблеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ