О’Вард навлечен по првиот свој Ф1 тест

Пато О’Вард откри дека неговото прво Формула 1 искуство го навлекло на болидот на Мекларен откако доби можност да го вози истиот во Абу Даби.

О’Вард доби шанса да тестира Мекларен МЦЛ35М како награда што победи на Индикар трка за сестринскиот Еро Мекларен СП, откако претходно имаше таков облог со Зек Браун, а до триумф во американската серија стигна во Тексас во сезона која ја заврши на 3то место.

Мскиканецот постави 3то време во Вторник откако комплетираше 92 кругови и беше запрепастен од пакетот кој го возеше.

не знам што да кажам, немам зборови, искуството и оваа можност е ретка, еднаш во животот. човек, овие болиди се смешни, очекував лудо и неверојатно, но ова е 10 пати повеќе од она што го очекував. мислев дека индикар е брзо, во моите очи е така, но ова е друга димензија.

од првиот круг кога се појавив на патеката почувствував неверојатна моќ и страшно многу грип, а кочењето е лудило. овој болид прави се што ќе посакате. какво искуство, каков болид – презадоволен беше О’Вард.

Тој беше најбрз утрото, а го подобри својот најбрз круг за 6 десетинки попладнето и призна дека не е задоволен што не извадил максимум од брзите квалификациски кругови, но се мачел со огромните Г сили кон крајот на денот.

на крајот на денот, веројатно дел од мене не извади се што сакаше затоа што буквално загубив памет од брзината и грипот. вратот ми е уништен. утрото добро почнав, следуваа симулации на трки пред да работам квалификациски кругови кон крајот со софт низ брзите кривини, тогаш главата ќе ми одлеташе.

проблемот бев јас и губев време во кривините каде ограничување ми беше силата на вратот што знаев дека ќе иде проблем. ова е нешто сосема поинаку, ова е лудо. првите неколку кругови булвално не можев да видам каде возам.

Мексиканецот посочи дека се навлекол на болидот и дека возењето за Мекларен на Формула 1 тест било најдоброто што го имал во животот.

не верувам дека дојдов до лимитот. во однос на возење и чиувството за што сум споосбен, не го стигнав лимитот. индикар е лудо, но кога ќе дојдете овдека, се е пребрзо, прекомпресирано, како видео игра, нереално е.

мора да кажам дека за за извлечете се од болидот ви треба посветеност и верба. секако дека во одредени области не го најдов лимитот. но, нормално е, знам што можам и знам дека не смеам да го минам лимитот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ