О’Вард ќе добие петочни сесии во Мекларен

Мекларен планираат да му дадат петочни тренинг сесии годинава на својата Индикар ѕвезда, Пато О’Вард откако младиот возач успешно одработе тест минатиот месец во Абу Даби.

Зек Браун, Главниот извршен директор на екипата, му вети тест на мексиканскиот возач доколку дојде до подиум за нив во Индикар, тој испорача победа во Тексас со Мај, а потоа уште еден триумф во Детроит малку подоцна. Сепак, мораше да чека шест месеци за да добие можност да го вози МЦЛ35М болидот на Јас Марин, искуство го опиша како “десет пати повече од лудило“. По тестот, Пато си постави цел од две години за да стигне до Формула 1.

Со она што го видел на тестот, Зек бил задоволен од својот штитеник.

направи се што баравме од него и се што очекувавме од него. беше многу силен ако се земе во предвид дека прв пат е во формула 1 болид, беше многу брз и храбар, но тоа не не изненади, така што сакавме да видие како ќе се адаптира.

секогаш кога ќе дадете шанса во формула 1 болид на некого, можете тоа да го направите малку пати, може да давате шанса на тест за дебитанти и поради малкуте такви прилики, тоа значи многу. беше убаво што пато беше награден за своите победи во индикар, а моравме да го ставиме во болидот за да видиме што точно може – посочи шфот на екипата.

Следен чекор кој тимот го планира за мексиканецот е возење на овогодинешниот целосно нов болид за време на петочна тренинг сесија од Гранд При викенд. Новите правила бараат од екипите барем два пати во текот на годинава да се даде шанса на млади возачи во Петок, така што Зек потврди дека во договор со Андреас Сеидл ќе решат кога да го доверат болидот на младиот возач.

мораме два тренинга годинава да ги одработиме со млади возачи, а работа на андреас е да посочи со кого тоа да го направиме. ќе напрвиме темелна анализа затоа што има и повеќе тестови предвидени за дебитанти годинава, така што одиме чекор по чекор.

во двете години во кои работам со андреас, секогаш сум се согласувал со неговит епрепораки и предлози.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ