Од Астон посочуваат дека Себ многу им помогнал

Одговорниот за перформанси во Астон Мартин, То Мекулох, го пофали Себастијан Фетел за работата која ја спровел во тимот минатите две години и многу им помогнал драстично да се подобрат.

Себ дојде во Астон во пресрет на минатата година, а по крајот на оваа одлучи да се пензионира од спотот без некој голем успех со зелениот болид од Силверстон. Летирикратниот првак имаше второ место во Баку како најдобра трка со тимот и уште едно второ место со тимот на Хунгароринг истата година, но му беше одземено поради премалку готиво во резервоарот на крајот на трката.

Мекулох инсистира дека работата која Фетел ја правел во фабриката била непроценлива и истата ќе донесе големи награди за тимот во иднина.

тој имаше огромно влијание врз тимот, дојде од две големи екипи со победничко и шампионско искуство и донесе огромно знаење во нашата екипа за сите работи, како се развива болид, што е важно и најмали ситници.

возачот на формула 1 болидот е најдобриот сензор. сите имаме одлични алати и опрема, софтвер и се што е потребно, но она што возачот ќе го каже е клучно. себ е многу мотивирачки, прекрасен човек, сите ги притиска во одредена област и многу ни помогна да се подобриме.

Инженерот прифати дека тимот е одговорен што не му дал подобар болид на возачот.

за жал не успеавме да му дадеме соодветен пакет за да предизвика за повисоко место на гридот, но деифнитивно многу научивме и многу се подобривме поради него. се надеваме дека следните неколку години ќе ги добиеме резултатите од неговата работа.

Астон имаа лош почеток на сезоната, но голем пакет новини донесен на Шпанското Гранд При ги ставија во нагорна линија.

многу напреднавме, но почнавме многу назад. донесовме многу нови луѓе и тие одлично се вклопија во екипата, така што се развиваме во вистинска насока.

знаеме каде ни се ограничувањата и што треба да направиме и се работи само да ја сработиме нашата задача, да го повлечеме тимот напред, да пораснеме заедно и да развиваме колку што можеме подобар болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ