Окон верува дека може да го предизвика Верстапен

Иако моментално е заглавен во средниот ред на Ф1, Естебан Окон вели дека би можел да предизвика за титулата доколку има болид со кој може да го стори тоа.

Окон вели дека би се борел со Макс Верстапен за светскиот шампионат во Формула 1 доколку и на двајцата им се даде еднаква опрема.

Двајцата возачи најпрво возеа заедно во Формула 3 шампионатот на ФИА во 2014 година, при што Окон ја освои титулата во серијата, а Верстапен заврши на третото место во поредокот.

Сепак, холанѓанецот е тој што го има убедливо поголемиот успех во Ф1, со 41 Гранд При победи и две титули во светскиот шампионат до денес.

Спротивно на тоа, Окон има само една победа на Гранд При на своето име, откако извојува изненадувачка, но заслужена победа на уникатно Гранд При на Унгарија во 2021 година, а французинот никогаш не го имал болидот за редовно да се бори на челните позиции.

Со оглед на тоа што сегашниот тимски колега на Верстапен во Ред Бул, Серхио Перез, навидум може да остане без договор на подолго време, Окон сугерира дека ќе може да вози „пет до пети“ со Верстапен.

Се гледам себеси како се борам со Верстапен за светското првенство доколку го имавме истиот болид – изјави Окон.

Макс врши неверојатна работа, доминира со Ред Бул, но не ми е гајле кој е возачот.

Сакам да се борам за шампионатот. Отсекогаш сум верувал во себе. Има долг пат пред нас, но мојата цел е да бидам Светски шампион.

Окон за неговиот агресивен стил

Откако дебитираше во Ф1 во 2016 година, Окон стекна репутација на тежок тркач и воспостави контакт со некогашниот тимски колега од Форс Индија, Перез, во повеќе од една прилика, што го натера тимот да издаде наредби дека не треба да се напаѓаат еден со друг за позиција.

Окон, исто така, особено се заплетка со Верстапен додека се обидуваше да се врати во водечкиот круг на Бразилското ГП во 2018 година, што предизвика физичка пресметка меѓу двајцата возачи по трката, а французинот призна дека е познат по својот силен стил на возење.

Вистината е дека не сакам луѓето да мислат дека сум тежок човек, бидејќи јас сум добар на патеката – рече Окон.

Но, мојот начин на возење е тежок. Веројатно е вистина, но јас сум среќен со тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ