Окон и Рикардо: Чудната форма во Португалија ќе го објасни назадувањето

Дуото на Рено, Естебан Окон и Даниел Рикардо, сметаат дека чудните нешта кои ги забележале во Португалија ќе им помогнат да се снајдат со потешкотиите со кои се соочуваат.

По добрата форма од скоро, Рено имаше чекор назад на Портимао и не успеа да ги предизвика Рејсинг Поинт и Мекларен. Иако лизгавата патека беше проблем за двајцата, тие сметаат дека имало и некои “мистерии“ во викендот на кои ќе мора да најдат одговор.

Тимот се надеваше дека ќе имам перформанси да нападнам пред мене, но тоа не беше случајот. Има многу непознати од викендов, многу чудни работи кои мора да ги разбереме. Но беше корисно – вели Окон.

Сеуште сметам дека нашата слабост е во максималната потисна сила. Можеби сите имаа проблем со тоа на Нирбургринг, но на патека со понизок грип, потисната сила игра уште поголема улога. 

Тоа мислам дека не врати чекор назад, Тоа би го рекол, А можеби е само поради лизгавата патека. Во Германија беше ладно, но грипот беше висок со загреани пневматици. Во Португалија во ниту еден момент не беше висок – вели Рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ