Окон: Се повеќе возачи ќе ги промашуваат местата за старт

Естебан Окон смета дека се повеќе возачи ќе добијат казни поради погрешно позиционирање на гридот и покрај проширувањето на стартните позиции. 

Окон прв доби казна на трката во Бахреин, додека на втората трка истото му се случи на Фернандо Алонсо. Поради тоа, ФИА одлучи да ги прошири грид местата за 20 сантиметри. 

мислам дека во иднина ќе има повеќе возачи кои ќе добиваат грид казни. Од позицијата во која седиме не е возможно да се внимава толку. Работевме со тимот за да имам пониска позиција на седење, Но очигледно добив казна – откри францускиот возач на фабричкиот алпин.

Окон смета дека проширувањето на позиицјата е предност, но не преголема и дека сепак би добил казна. 

Ова се дополнителни 20 сантиметри споредено со минатата година. Предност е ако си понапред, но и секогаш сме добивале казна ако сме пренапред. Пред казните бевме полево или подесно што не е предност. Сега тоа правило е променето и ни помага. 

Возачите се подели околу вистинскиот проблем со новите болиди. Ботас смета дека видливоста е ограничена, но е изненаден од Окон и Алонсо што ги промашиле стартните места. 

Бев изненаден од тоа што се случи бидејќи не гледам дека е проблем. Видливоста е помала и не е иста како пред 10 години, Но знаеше каде се движи. Не гледам лично проблем со тоа, но можеби е до болидот и крилата кои ги има. 

Ландо Норис е исто така изненаден од тоа што се зборува за стартните позиции. 

Мислам дека ова е лесно уште од првиот ден. Местењето е едноставно и тоа е. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ