О’Саливан се приклучи на Академијата на Вилијамс

ГБ3 шампионот и добитник на Астон Мартин Аутоспорт БРДЦ, Зак О’Саливан, се приклучи на Академијата за млади возачи на Вилијамс пред да ја започне својата прва сезона во Формула 3. 

О’Саливан има 16 години и ја освои ГБ3 титулата победувајќи на седум трки и искачувајќи се на 14 подиуми што му донесе Формула 3 тест со Карлин во Валенсија. Во Петок, Вилијамс најавија дека О’Саливан ќе биде дел од нивната младинска програма. 

Почестен сум што сум избран во Вилијамс академијата. Ова е извонредна можност и не можам доволно да му се заблагодарам на Јост и Свен Смеетс за вербата што ми ја дадоа.

Вилијамс е еден од најуспешните тимови во Формула 1 и е дом на големи таленти. Задоволен сум што ќе продолжам со Карлин во Формула 3 оваа сезона. Ова ми е трета година со тимот и со нетрпение го очекувам предизвикот. 

Покрај О’Саливан, во Вилијамс доаѓаат и Џејми Џадвик и Формула 2 возачот Логан Сарџент. 

Задоволни сме што Зак ќе биде дел од нашата академија. Тој имаше неверојатна сезона и е природен талент во кој се уверивме на симулаторот во Гроув. Едвај чекам да го видам во Формула 3 наредната година.

Знам дека ќе биде жесток конкурент. Очекуваме да го подржиме во неговата кариера и улогата што ја игра е многу важна за неговиот развој бидејќи е голем талент – изјави Свен Смеетс

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ