ОФИЦИЈАЛНО: Нисани нов тет возач на Вилијамс

Вилијамс потврдија дека Рој Нисани ќе биде нивни нов тест возач и ќе добие право да вози на три петочни тренинг сесии за тимот претсојнава тркачка сезона.

Израелецот кој тестираше за екипата од Гроув на тестот по трката во Абу Дби исто така ќе добие и предсезонски тест ден, а ќе има и програма за работење во симулаторот во фабриката на екипата. Сеуште не се познати Гранд При викендите каде Нисани ќе одработува за екипата, но секако истите нема да се во исти викенди кога тој ќе одработува веќе планирана Формула 2 тркачка сезона.

ова е достигнување за израерлскиот моторспортот кога тестирав за тимот во абу даби на 1 декември се чувствував удобно во болидот и како да бев дел од тимот подолго време.

искуството со кое ќе се сткнам сезонава ќе се покаже бесценето за мене во понатамошниот дел од мојата кариера на патеката и надвор од неа – најави нисани.

Шефот на тимот, Клер Вилијамс дополни:

рој ги покажа своите способности на тестот по крајот на сезоната во абу даби инатата година и ние останавме импресионирани со тоа што можеше да го извлече за толку кусо време. напорно работи и возбудени сме да биде дел од тимот догодина.

Како дел од договорот, спонзор на Нисани ќе се појавува на ФВ43 болидот за време на Гранд При викендите каде тој ќе биде дел од тимот.

Пред искуството со Вилијамс лани, Рој има возено Заубер во Валенсија во 2014 година, а последно тркачко искуство му беше во 2018 година кога се тркаше во Формула 2, заврши на 22ро место со само поен зад своето име. Лани паузираше поради повреда.

Појавувањето во Петок на тркачки викенд ќе значи дека Рој ќе ги следи стапките на својот татко Чаноч кој имаше петочна тренинг сесија за Минарди во Унгарија во 2005 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ