ОФИЦИЈАЛНО: Хаас и Рич Енерџи се разделија

Договорот помеѓу Формула 1 тимот Хаас и компанијата за производство на енергетски пијалоци Рич Енерџи е прекинат, а од американската екипа велат дека во нивниот спонзор се случува процес на корпоративно реструктуирање.

Боите на рич Енерџи се инспирација за годинешната црно-златна боја на шасијата на ВФ19 болидот, изгледот ќе остане исти до крајот на сезоната, но без логото на нивниот главен спонзор сезонава.

Рич дојдоа во Хаас пред почетокот на годинава откако медиумите пренесоа дека британската компанија претходно преговарала и со Вилијамс, Форс Индија и Мекларен. Соработката помеѓу двете компании стана јасно дека “не штима“ уште во Јули кога тогашниот Главен извршен директор, Вилијамс Стори на Твитер напиша дека договорот се прекинува поради слабите резултати на Формула 1 екипата. Изјавата потоа беше демантирана од акционерите на компанијата кои го превземаа раководењето со истата.

Кон крајот на Август, Гунтер Стаинер потврди дека Рич ќе донесат финална одлука пред Големата награда на Сингапур.

хаас и рич енерџи се согласија да го прекинат своето партнерство во формула 1 првенството веднаш.

компанијата за производство на енергетски пијалоци уживаше голема гледаност и препознатливост преку рекламирањето во хаас, процесот на корпоративно реструктуирање кои се случува во рич енерџи ќе донесе промена во глобалната стратегија.

поради тоа, хаас и рич енерџи решија да го прекинат договорот за партнерство како најдобар начин за двете страни. хаас им заблагодарува на акционерите во рич енерџи – гласи изјавата од формула 1 екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ