Палмер: Албон сеуште заостанува од дуелите на врвот

Александер Албон импресионира со перформансите во трка откако беше промовиран во Ред Бул, но тој најверојатно не напредува толку добро колку Ред Бул посакуваат, смета Џулион Палмер, поранешниот возач на Рено.

23-годишниот возач беше блиску до својот прв подиум во Формула 1 во Бразил кога возеше на второ место во последните кругови. Но, шансата за подиум исчезна откако тој беше удрен од Луис Хамилтон кој се обиде да го претекне возачот на Ред Бул, по што Алекс заврши на 14то место.

Иако не успеа во Интерлагос, Албон сепак врши добра работа откако премина во Ред Бул, со пласман од 4то до 6то место во шесте трки досега, не земајќи ја предвид Бразил.

Албон е дефинитивно посилен во Ред Бул одколку Гасли и ќе беше на подиум во Бразил, доколку Луис Хамилтон не беше премногу алчен да го претекне. Но квалификацискиот дефицит во однос на Верстапен беше 0.42, двојно повеќе од тој на Рикардо.

Албон е импресивен во тркачки услови, до одредено ниво. Неговите способности се особено силни откако дојде во Ред Бул, често надоместувајќи позиции по старт од задните редови, а имаше и неколку одлични претекнувања, како тоа над Фетел во Бразил.

Но, моментално тој изгледа дека не може да се доближи до главните дуели и водечката трка. Додека Верстапен ја освои пол позицијата и возеше кон победа, Албон се квалификуваше на шесто место и ќе завршеше на истото доколку моторот на Валтери Ботас не откажа, што доведе до сета драма во трката.

Севкупно, тој е добар, но можеби не напредува толку добро колку што Ред Бул посакуваат по силната трка во Белгија. Пјер Гасли е сензационален во Торо Росо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ