Палмер: Перез нема да се бори за титула

Иако Серхио Перез заостанува само 15 поени зад Макс Верстапен во борбата за титулата, поранешниот возач Џулион Палмер смета дека победникот од Монако не може да се бори за титула. 

Седум дена по разочарувањето од Шпанија, Перез дојде до првата победа сезонава во Монако. Два дена подоцна беше официјално потврдено дека двете страни потпишале нов двегодишен договор.

Да бидам искрен, не верувам дека ќе се бори за титула. Оваа година е доста подобар од лани, но мислам дека со тимските наредби ќе биде тешко за него. Знам што се случи во Шпанија, но имаа различна стратегија. Тоа беше нормална трка со лоши тимски наредби, Но тој е одличен, Многу е брз иако нема гаранции дека ќе треба да се откаже од позиција. Добро е што имаме нов победник годинава. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ