Палмер: Рејсинг Поинт очајно бараа казна за Саинз

Џулион Палмер смета дека истрагата за прекршокот на Карлос Саинз за пребавно возење во пит линијата во Абу Даби е покрената од очајниот на Рејсинг Поинт во борба за третата позиција во конструкторскиот поредок. 

Рејсинг Поинт, Мекларен и Рено се бореа за третата позиција на последната трка на Јас Марина каде секој поен значеше промена во пласманот. На крајот, Мекларен излезе како победник, но нивниот возач, Карлос Саинз, се најде под истрага. Тој возеше четири секунди позади Норис и имаше сомневање дека намерно забавил за полесно да се направи замената на гумите и при тоа го успорил Ленс Строл зад него. 

Стујардите одлучија дека Саинз не направил ништо погрешно, ја задржа позицијата и помина без казна. Во анализата на Палмер за Формула 1 сајтот, тој смета дека ова било очаен потег на Рејсинг Поинт кога било повеќе од јасно дека ја губат третата позиција. 

Саинз праша на радио дали е потребно да направи разлика на што тимот му одговори негативно. Како возач, не мора да им верувате, Знаете дека четири секунди разлика е многу блиску бидејќи менувањето гуми е три секунди. ТОа е многу малку и Саинз го знае тоа.

Потегот не му направи разлика на Строл. Тој не беше близу до Саинз и дури на крајот се доближи до него. Ова е само очаен потег на Рејсинг Поинт да бараат казна од Мајкл Маси за Саинз. Знаеа дека Перез е надвор од трката и требаше Строл да го победи Саинз. Ова е очаен потег кој треба да се истражи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ