Патрик Хед: Вилијамс има менаџмент каков што му треба

Поранешниот главен инженер на Вилијамс, Патрик Хед, смета дека под раководството на Јост Капито, Вилијамс го има вистинскиот менаџмент.

Трофејниот тим од Гроув мина низ период на драстични промени во последно време по одлуката на семејството Вилијамс да ја продаде екипата на американскиот инвестициски фонд Дорилтон Капитал. Клер Вилијамс се повлече од шефовското место во тимот, а нејзините обврски ги рпевзема Јост Капито.

мислам дека јост и луѓето кои тој ги донесе се одлични. има многу добри луѓе кои се во тимот веќе некое време, но им требаше подобро раководство на врвот, а сега тоа го добија – смета хед.

Во последно време Вилијамс имаа тежок период, но покажаа дека значително напредуваат со развојот годинава, а Николас Латифи и Џорџ Расел стигнаа до двојни поени на последната трка во Унгарија. Хед е задоволен што тимот каде и самиот е ко-основач напредува.

очигледно дека инцидентитеод првиот круг им помогнаа на вилијамс, така што реално без никакви проблеми за останатите, не би освоиле поени. имаат уште малку пред да стигнат до позиција и редовно да се борат за поени, но со правите луѓе на правилни места ќе успеат во тоа затоа што се ршеителни не знам многу за финансирањето на тимот, но ми кажаа дека е обезбедено.

во вилијамс сум 35-40 години, најголем дел од нив победувавме на трки, но не беше така секоја година иако најголем дел од моите сезони таму беа победнички. тажно е што минатите 10 години иамат слаби перформанси така што сум задоволен што се враќаат.

Иако Хед подолго време не е во тимот, сепак, откри дека е во контакт со Капито.

контактирам со јост капито кого го познавам веќе некое време. не им давам никакви совети околку болидот и развојот, но често се слушаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ