Патрик Хед: На Вилијамс му треба техничко водство

Патрик Хед, човекот кој заедно со Френк Вилијамс ја основаа трофејната Формула 1 екипа која во моментов се мачи да преживее смета дека проблемите на екипата произлегуваат од недостатокот на ефикасно техничко раководство.

Британската екипа минува низ најтешките периоди во историјата, завршуваат на последно место во поредокот последните две години, а лани успејаа да освојат само еден поен. Надвор од патеката, имаат огромни финансиски проблеми што доведоа до таму да се размислува за продажба на екипата.

не може да се раководи комерцијален формула 1 тим и да се завршува константно на 10то место во поредокот.

годинава е клучно да се вратат во средината на поредокот. не сум наивен дека имаат шанса да се борат со првите три екипи, но барем се надевам дека ќе бидат помеѓу оние во долниот дел од средината на поредокот. од таму може полесно да напредуваат – смета хед.

Финансиските проблеми не се намалуваат, а тимот се мачи и да најде персонал со кој може да се врати онаму каде што се надева. Пет Симондс дојде на местото технички директор на тимот во 2013 година да го надгледува враќањето на тимот кон врвот, а неговата замена, Пади Лоу,не ги донесе очекуваните резултати и замина на почетокот на минатата година. Самиот Патрик Хед се врати во екипатаво вид на технички консултант, но на кус рок.

има фантастични луѓе во екипата, но од различни причини без да сакаат да омаловажат никого, тимот имаше лош избор на техничко раководство со способности кои не беа доволно добри да го поведат тимот. поради тоа во моментов се мачат да преживеат. тоа што треба во гроув е лидерство во техничкио дел – заврши хед.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ