“Пеглање“ на грешките е клучно за Расел, смета Тото

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека клучно за напредокот и подобрувањето на Џорџ Расел не е подобрување на брзината туку буквално “пеглање“ на грешките.

Младиот британец е сериозен кандидат да вози за фабричкиот тим на Мерцедес од следната година откако одработе една трка наместо Луис Хамилтон годинава и се покажа во фантастично светло, а само тимските грешки му ја одзедоа победата.

Многумина сметаат дека со своето издание тој заслужул место кај “сребрените стрели“ уште веднаш, но Тото е препазлив и смета дека уште една сезона во Вилјамс ќе биде одлична за младиот британец. Волф дополни дека ќе биде клучно да не прави повеќе грешки како онаа во Имола кога излета во ограда додека ги загреваши гумите зад безбедносното возило.

освојување на формула 1 титула се прави со најмалку грешки во однос на конкуренцијата, а тоа се добива со рутина и со искуство. мерцедес очекува такво ниво на одрживи перформанси и поради тоа треба да им се даде доволно време на младите возачи да созреат.

колку и да имаат добри перформанси како оние на џорџ на шакир, во исто време ќе бидат критикувани, а самите критики ги насочуваат кон грешки поради тоа што врвна екипа е полна со голем притисок од околината. поради тоа грешки како онаа во имола е нешто од што расел мора да научи и многу важно за него ќе биде да созрее и да одржува силни перформанси – смета волф.

Австрискиот шеф на шампионски тим е дециден дека Џорџ мора да созрее, но во исто време целосно верува во неговите перформанси и квалитет особено по тоа што го виде на Шакирското Гранд При.

веруваме во џорџ затоа што нема многу возачи кои освојувале јуниорски серии како дебитанти, особено кога тие серии се силните гп3 и формула 2 шампионати. да му се даде одговорноста да го замени хаилтон покажа дека ние веруваме во него.

секако дека сакав неговото деби во мерцедес да се случеше под други околности, но тој ни даде многу податоци за анализа по која треба да пресудие самите.

и тој се стекна со предност од настапот во мерцедес затоа што ќе се врати во својот вилијамс со многу научени работи и многу подобро разбирање. токму поради тоа сметам дека уште една година во вилијамс само ќе му годи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ