Педро де ла Роса стана Амбасадор на Астон Мартин

Поранешниот Формула 1 возач, шпанецот Педро де ла Роса, стана дел од семејството на Астон Мартин како Амбасадор на брендот.

Де ла Роса има 104 Гранд При трки зад себе помеѓу 1999 година и 2012 година, а најдобар пласман му е 2то место на настанот во Хунгароринг во 2006 година возејќи Мекалрен.

Тој ќе има за задача да учествува на промотивни и комерцијани активности и ќе биде вклучен во програмата за развој на млади возачи која Астон неодамна ја формираа.

веќе познавам многу луѓе во тимот затоа што работев со нив кога бев во мекларен и ферари и нетрпелив сум да ги запознаам и оние кои се нови за мене. ќе го ставам моето искуство на располагање со цел да помогнам на тимот да расне и да се развива во пресрет на следната сезона особено со подршка во маркетинг и комерцијалната страна на бизнисот.

мене ми е јасно дека амф1 има огромен потенцијал и фантастичните нови инженери кој дојдоа во тимот заедно со новиот технички шеф и партнерите ќе го направат пристигнувањето на фернандо догодина многу пријатно, а тимот само ќе напредне – посочи де ла роса.

Тимскиот шеф Мајк Крак дополни:

улогата на педро како мабасадор на тимот ќе биде централна во нашите напори да го подобриме рабоетњето со нашите партнери, да ги вклучиме фановите поблиску до тимот и да ја засилиме нашата програма за млади возачи.

никој во формула 1 не смее да се сомнева во искуството на педро и јас сум убеден дека неговата улога ќе биде клучна и дека може на многу начини да ни помогне да се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ