Перез верува во победа

Серхио Перез од Ред Бул планира да се бори за победа на Гранд При трката во Белгија и покрај тоа што ја пропушти пол позицијата и ќе тргне од 2то место во првиот ред, крај Карлос Саинз од Ферари.

Мексиканецот беше побрз од својот колега на последната сесија во пресрет на квалификациите, но кога беше најважно, не можеше да го следи темпото на шампионот и заврши повеќе од 6 десетинки зад него. Сепак, поради казната за холанѓанецот, Чеко ќе напредне една позиција и наместо од 3то, ќе тргне од 2ро место.

имав добри, но не и фантастични квалификации. првиот круг во к3 не беше добар, а потоа сесијата малку ме се поремети поради други проблеми како оштетениот под.

но, да се тргне од 2ро место утре на трката е пристоен резултат. се подобривме од вчера што е добро со оглед на тоа колку малклу возев во втората сесија, а мислам дека имаме простор да напреднеме и на трка.

пол позицијата не е од некоја голема корист овдека затоа што треба само да останам  до карлос низ о’руж, ќе се обидам да го направам тоа и да го минам на правецот кој следува. тоа ќе биде клучно за мојата трка.

можеме да се бориме комотно за победа со старт од првиот ред, тоа и го очекувам. им треба добар старт, чист круг и пдоролжувам кон триумф – посочи перез.

Освен што ќе го напаѓа Саинз пред себе, Чеко мора да биде свесен и на заканата која ја носи Фернандо Алонсо кој ќе тргне зад него како и тандемот на Мерцедес позади шпанецот. Како што одминува трката секако дека ќе стигнат и Верстапен и Леклер кои ќе тргнат од 15то односно 16то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ